МакедонијаПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ поставуваа судии, како може ВМРО-ДПМНЕ да им каже за кого да гласаат, очигледно е дека решиле да им се спротистават и да изберат професионалец како Данка Ристова 

СДС продолжува да се однесува во одбрана на криминалот на своите челници, сегашни и поранешни, и во одбрана на криминалот на ДУИ и сите оние кои се огрешиле пред законот. Стравот нема да им помогне, само може да ги доведе во заблуда дека со вакви прес-конференции може да ја запрат борбата против корупцијата и да ги задржат корумпираните судско-обвинителски и бизнис-политички спреги во моќ во правосудството. Правда доаѓа, сакале тие или не. И тоа доаѓа за сите, без разлика на партиска, етничка или верска припадност.  

Обвинувањата дека градоначалник на мала општина како Радовиш има било каква моќ или влијание врз процеси од национален карактер, како што е изборот на членови на Судскиот совет, се апсурдни и далеку од реалноста. 

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, како и сите градоначалници, има јасно дефинирани ингеренции поврзани со локалното управување и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните на својата општина. Тврдењата дека тој на кој било начин може да влијае врз институција како Судскиот совет, која е независно тело, се само уште еден доказ за очајот на СДСМ и нивната потреба да фабрикуваат скандали.  

Дополнително, изборот на Данка Ристова за член на Судскиот совет е направен согласно законските процедури, а нејзините професионални квалификации се клучни за оваа функција. Наместо да се занимавате со конструктивни предлози или решенија за проблемите на граѓаните Кузеска, повторно се враќа на празни обвинувања и манипулации, со цел да го прикриете катастрофалното наследство на вашата партија во судството.  

Данка Ристова е докажан професионалец, кој повеќе од 30 години е во правосудството, и таа е избрана со мнозинство гласови на непосредни избори, каде гласале судиите од Штипското Апелационо подрачје, вклучително и Струмица и околината.

Граѓаните знаат како се бирани судиите во Струмица и кој ги бирал, но и во цела Македонија, оттука небулозно е да се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ може да влијае на нејзиниот избор. 

Очигледно е дека кај судиите при гласањето на крај сепак преовладеала мислата да изберат врвен професионалец, наместо послушник на СДС и ДУИ како до сега.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите и сите чесни судии и обвинители да се спротивстават на ова злодело од неколкумина инсталирани од СДС, ДУИ, но и отпадници од други партии во нивните редови. Таа спрега и тоа зло мора да биде поразено. Македонија мора да биде држава со ред и владеење на закон и право. Македонија мора да победи! Заедно со народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја обезбеди таа победа на правото над хаосот и корупцијата!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons