Еве каде наврна 61 сантиметар снег
Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека најмногу снег наврна во Маврови Анови 61 сантиметар, на Попова Шапка 48, во Крушево 35, во Лазарополе 21, во Дебар пет сантиметри, во Претор четири и во Берово три сантиметри.
На Попова Шапка наврнало најмногу дожд 44 л/м2, во Кавадарци и Маврови Анови 34, во Демир Капија 30.
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка – 3 степени, Маврови Анови – 2, Крушево – 1, Берово 0, Претор и Дебар 1, Охрид и Крива Паланка 2, Куманово, Тетово, Битола и Прилеп 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Штип и Виница 4, Струмица, Велес и Демир Капија 5 степени и Гевгелија 7 степени.
Преку ноќта имаше врнежи од дожд на североистокот и на југот од земјата, а утринава врнежите се престанати и само во Струмица има појава на слаб дожд. Преовладува претежно облачно време.
Времето утрово ќе биде облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.