Магазин

Аца Лукас призна дека на коцка изгубил 70 милиони долари

Пејачот Аца Лукас се отвори за својата зависност од коцкање, но и за помалку познатите детали од неговиот живот.

Во едно интервју, фолкерот признал дека изгубил милиони на коцка, кои можел да ги искористи за да купи „цела населба во Белград“.

„Има еден сајт кој направил студии колку ВИП личности на Балканот потрошиле на коцкање, па таму сум вклучен и јас, пишува дека има извесен Аца Лукас од Србија, голема ѕвезда, бил повреден. Пишува дека сум потрошил 70 милиони долари. Морам да признаам, блиску се, јас потрошив малку повеќе. Не се каам, во животот никогаш не се каам. Би се каел да направев некои круцијални грешки. Да се убијам, т.е. да сум се убил, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум“, рекол Аца, кој додаде дека потрошил премногу пари на коцкање.

„Некои ми велат дека сум прокоцкал стан во Белград. Човеку, си мислам пријателе, камо среќа да сум прокоцкал само стан. Прокоцкав цела населба во Белград. Една голема населба, најскапата, ама што ќе правиш, што сам си заработив, сам прокоцкав, мои се парите, ги обезбедив децата имаат сè што им треба“, изјави Лукас, а потоа додаде:

„Мажите секогаш треба да бидат галантни. Јас не сум фраер, јас сум ништо. Јас сум слабо граден, смешно граден. Но жените ме сакаат затоа што сум галантен и затоа што многу ги ценам и почитувам. Има такви кои не се за почитување и влегувам во клинч со нив, како што се случи неодамна, но генерално ги сакам и почитувам жените“.

На прашањето дали посетувал бордели, пејачот одговорил потврдно.

„Посетував, посетувам и ќе посетувам бордели. Не реков дека одам да користам услуги и дека одев кај жени. Има бордели кои имаат добри барови. Имам пријатели кои имаат бордели, често одам таму. Не морав да плаќам кога бев помлад, а не морам ниту сега, тенка е граница да бидам женкар и да плаќам за проституција“, изјавил пејачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons