МакедонијаНајново

Мигранти од Авганистан приведени во Тетово 

Цариник во тетовскиот царински терминал открил двајца мигранти во камион со велешки регистарски ознаки, по што ги пријавил во полицијата.

– Вчера околу 9.10 часот, вработен во Царинскиот терминал во Tетово во СВР Тетово пријавил дека во товарно моторно возило „даф“ со велешки регистарски ознаки, кое пристигнало од Турција, биле пронајдени двајца мигранти од Авганистан. Двајцата мигранти, Г.С.(20) и В.Х.(26) се приведени и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна, како што посочи, двајцата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons