МакедонијаНајново

Во светот на медицината повеќе не постојат граници, вели директорката на ГАК 

Директорката на Гинеколошка акушерската клиника – Ирена Алексиовска Папестиев денеска на прес-конференција рече дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот. Ова доаѓа откако денеска беше обелоденето дека мајка на возраст од 61 година на свет донесе здраво машко бебе.

„Во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот. Ова го говори раѓањето на бебето Петар кое на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Ова пациентка е прва која е останата бремена со сопствена јајце клетка која што била замрзната која добила ин витро третман во нашата држава и целата бременост била следена во нашата држава, а породувањето е извршено на ГАК“ – рече Алексиовска Папестиев.

Таа посочи дека пациентката е породена со царски рез и истата го роди Петар кој е тежок 2.350 грама и е 48 сантиметри долг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons