МакедонијаНајново

Маж загина во пожар во својата куќа во Желино

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 661 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,90%, а 40,10% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,00%, кон Итната медицинска помош 21,34%, а кон пожарникарите 4,33% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 671 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“.

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена куќа во с. Стримница (Општина Желино).

Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека во пожарот машкото лице на 90 годишна возраст го загубило животот во големиот пожар. Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons