Спорт

Првото место осигурано: Македонија и во Скопје подобра од Летонија 

Македонската репрезентација дојде до четвртата победа по ред во групата во Лигата на Нации, и го обезбеди првото место во групата, и пласман во Б сегментот. Ако имаше некакви дилеми пред овој меч, тогаш сите беа отстранети, и не само што не загубија со голема разлика, туку остварија нова победа со чиста мрежа.

Не беше воопшто лесно да се победи Летонија, која покажа сила особено по првиот дел кога имаше две зрели шанси. Македонија се разбуди дури во вториот дел кога тргна по победата и успеа да дојде до неа. И по водството, Летонците се обидоа да дојдат барем до бод, меѓутоа остварена целта да се заврши уште еден меч во Лигата на Нации со чиста мрежа.

Никола Серафимов е творецот на оваа победа. Со неговиот гол Македонија дојде до четврта победа, дефинитивно до првото место во групата, со кое обезбедуваме пласман во Б сегментот, но и разигрување за пласман на идниот Мундијал.

Две шанси имаше Летонија, една Македонија во првиот дел. Главно во првите 45 минути се играше на средината на теренот, Македонија имаше иницијатива, но не успеваше да пробие, се до финишот кога ја имаше најдобрата шанса преку Алими.

Прва закана 11 минута Чурлинов со глава по нафрлена топка на Алиоски, но само крај голот. Најдобрата шанса за Летонија дојде во 15 минута кога по одбиената топка од Димитриевски, Савајниекс не го погоди празниот гол, и шутираше само во надворешниот дел на мрежата.

Македонскиот национален тим во 22 минута остана без Елмас, кој поради повреда мораше да биде заменет.

Следуваше нова шанса на Савајниекс кој по една добра акција, имаше лоша завршница и шутираше само над голот.

Најдобрата шанса на мечот во првиот дел, сепак, ја имаше Македонија. Исник Алими убаво се ослободи од одбраната, и шутираше, но голманот Матревич успеа да одбрани и така на полувреме да мируваат мрежите.

Веднаш шанса за Македонија на стартот на вториот дел. Димоски убаво шутираше, беше пред постигнување гол, но топката заврши само над пречката.

Фуриозниот почеток на вториот дел за Македонија, го материјализираше со предност во 57 минута. По изведен корнер, топката од првиот Зајков ја префрли на вториот дирек каде беше Серафимов, кој беше прецизен во мрежата на Летонците, за предност на нашиот национален тим.

Долго време не се случуваше ништо посебно на теренот по постигнатиот гол, а потоа во 82 минута Ќамили пропушти можност да ја зголеми предноста, и се чини да стави точка на победата. Убаво се проби по десната страна, но неговиот удар го сопре противничкиот голман.

Шанса за Летонија имаше Мелникс, кој со глава од добра позиција се обиде само над голот, со што избраниците на Благоја Милевски мирно го одведоа натпреварот кон последниот свиреж.

Последниот меч Македонија го игра во недела во 15 часот против Фарски Острови.

ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА Ц – 5. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА         1-0 (0-0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 5.000.

Судија: Гога Кикачеишвили (Грузија)

Стрелци: Серафимов 57’

Ж. Картони: Серафимов, Зајков (М) – Савајниекс (Л)

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Димоски (59’ Митровски), Зајков, Ашковски, Алиоски (77’ Ашковски), Барди, Алими, Чурлинов (59’ М. Ристовски), Елмас (22’ Ќамили), Трајковски (78’ Велковски), Миовски.

Селектор: Благоја Милевски

ЛЕТОНИЈА: Матревикс, Јурковскис, Черномордијс, Јагодинскис, Циканикс, Савалниекс (64’ Тоберс), Јаунземс (64’ Мелникс), Вапне (64’ Ваславнс), Зеленковс, Дашкевичс (71’ Улдрикис), Шитс (71’ Гутковсис).

Селектор: Паоло Николато

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons