Скопје ќе организира натпревар со високо рангирани светски пинг понгари
После три меѓународни натпревари во младинска категорија (World Table Tennis Youth Star Contender) и Европско првенство во категорија до 21 година Македонија ќе биде домаќин на World Table Tennis Contender Skopje 2025 од 9 до 15 јуни 2025 година.
Ова е уште едно големо признание за Пинг понгарската федерација на Македонија затоа што влегува на мапата на светски натпревари во сениорска категорија, односно онаа најпопуларна за светската пинг понг публика.
На официјалната веб страница на World Table Tennis беше објавен датумот за одржување на натпреварот и со тоа започна пријавувањето на истиот кој е отворен за повеќе од 100 учесници.
Натпреварувачите ќе настапуваат во поединечна категорија, мажи и жени, во двојки и мешани двојки.
Се очекуваат голем број на високорангирани светски играчи, а за пинг понг публиката ова ќе значи ново доживување – во живо да се следат натпреварите на најдобрите.