Наскоро почнува зимското сметање на времето
Последниот викенд од месецот, ноќта меѓу сабота 26 октомври и недела 27 октомври, во три часот по полноќ, стрелките ќе ги поместиме еден час наназад и ќе прејдеме на зимско сметање на времето.
Во 2018 година Европската унија даде предлог да се укине поместувањето на часовникот но не се успеа да се донесе консензус помеѓу државите членки на унијата. Минатата година повторно се направи обид да се укине зимското сметање но сеуште нема напредок.
Во 2018 година се одржа јавна консултација на ниво на ЕУ на која учествуваа 4,6 милиони граѓани. За укинување на поместување на стрелките на часовникот се изјасниле дури 84 отсто од учесниците.