Во Центар Жупа денеска се гласа за градоначалник
Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник.
-Од 7 часот отворени се сите 16 гласачки места и изброниот тек се одвива нормално. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден. Во единствениот избирачки список запишани се 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од 17 октомври минатата година, рече Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати, предложени од политички партии.
Во оваа печалбарска општина, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи излезноста беше 25,77 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 33,3 отсто од вкупно, тогаш, запишаните 7.317 гласачи.
Познати бизнисмени во Италија од ова општина, обезбедија бесплатен превоз и од вчера попладне неколку стотина иселеници прситигнаа за да гласаат. МИА