Актуелно

Црвен крст на Македонија отвори сметки за донации за настраданите во БиХ 

Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина (БиХ) и согласно нивната проценка на потреби, денеска е понудена помош во материјално технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Од Црвениот крст упатија апел и до сите граѓани и фирми кои сакаат да помогнат и со тоа да ја покажат својата хуманост.

Црвениот крст од своите резерви издвои 10.000 евра како првична помош за настраданото население, известија оттаму.

„Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка“, соопштија од Црвен крст.

Оттамму упатија апел до сите граѓани и фирми кои сакаат да помогнат и со тоа да ја покажат својата хуманост за да им се помогнеме на настраданите во БиХ.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на, Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на – 300000001327966, даночен број – 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака- помош за справување со последиците од пожарите, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

–       За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons