Актуелно

Од денес пензиите повисоки за 2500 денари

Пензионерите во Македонија од денес добиваат зголемување на пензиите за 2500 денари. Според измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери, кои имаат стекнато право на пензиско осигурување до 31 август, се вклучени во линеарното зголемување на пензиите, соопшти МТСП.

„Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

„Линеарното зголемување на пензиите е едно од клучните исполнети предизборни ветувања на оваа Влада, која во фокусот на своето работење го има подобрувањето на економскиот статус на граѓаните и воопшто економската состојба на државата“, се наведува во соопштението на МТСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons