Актуелно

Доктор Беќаровски објави која билка е најдобар прочистувач на воздух дома

Грејната сезона е на самиот праг, а тоа значи дека доаѓаат и долгите и тешки денови кога загадувањето на воздухот е во своите екстреми. Граѓаните најчесто купуваат прочистувачи на воздух, но, научниците се добро запознаени дека за прочистување на воздухот во домот, потребно е растение кое го апсорбира загадувањето.Па така, д-р Нико Беќаровски, објави која билка е една од најдобрите за таа намена.„РАСТЕНИЈА ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ВО ВАШИОТ СТАН (1)
DRACAENA TRIFASCIATA кај нас позната и под имињата “ЗМИСКО РАСТЕНИЕ” “СВЕКРВИН ЈАЗИК” е класифицирани од NASA, како моќен прочистувач на воздухот, поради неговата моќ да отстранува отровни компоненти од воздухот како бензен, формалдехид, трихлоретилен, ксилен и толуен. Ова растение го користи метаболизмот на Crassulacee за измена на кислородот и јаглерод диоксидот. Микроскопските пори на листовите се отвараат само ноќно време за да се намали загубата на вода во текот на топлите денови.

За разлика од другите растенија произведува голема количина на кислород и го апсорбира јаглерод диоксидот и во текот на ноќта, што го прави ова растение одличен прочистувач на воздухот во нашите домови додека спиеме.

Треба да се чува на светло место (но не на директна сончева светлина), а се полева на секои две недели.“, советува докторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons