АктуелноСпорт

Maкедонија ја победи Ерменија и со играч помалку, Барди блесна со мајсторија од слободен удар 

Maкедонската фудбалска репрезентација по пауза од 11 месеци конечно се израдува на победа и тоа против Ерменија која ја последна ја победивме во Струмица, тогаш со 3:1. Денеска бевме подобри со 2:0.

Натпреварот започна со наша иницијатива, но знаеше да се закани и Ерменија, иако македонските фудбалери беа поконкретни во шансите за гол.  Најголемата прилика за нас ја пропушти Елиф Елмас во 21. минута кога по една контра и додавањето од Енис Барди излезе „еден на еден“ со противничкиот голман Чанчаревиќ кој го одбрани неговиот удар.

Следната добра прилика за Македонија ја пропушти Енис Барди на истекот од 30. минута кога се обиде со нешто помеѓу шут и центар шут да го загрози противничкиот гол.

Во финишот од првиот дел останавме со играч помалку откако, Ѓоко Зајков со една непотребна реакција заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Сепак, тоа што бевме со играч помалку не беше проблем да продолжиме со добрата игра и во вториот дел, И во таква ситуација ние бевме подобриот противник, Миовски по едно додавање од Елмас пропушти добра прилика во 63. минута.

Македонија до водство стигна на 20-тина минути до крајот кога на сцена стапи Енис Барди со мајсторски гол од сободен удар, голманот Чанчаревиќ не можеше ништо да направи и беше само гледач повеќе. По тој гол Ерменија тргна на се или ништо, а тоа ни отвори дополнителен простор, па во 79. минута, Миовски ги постави конечните 2:0.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons