Македонија

Македонија во пламен, досега изгоре речиси 4 отсто од целата територија на државава

Оваа година изгореле над 94 илјади хектари во земјава, што е 9 пати повеќе од просекот на пожари од 2006 до 2023 година. Најмногу изгорена површина во периодот 2006-2023 година изнесувала 11827 хектари, во текот на 12 месеци, велат податоците на службата на ЕУ за следење на животната средина.

Европскиот информациски систем за шумски пожари известува дека поради многуте шумски пожари во август, владата бараше итна помош и активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Како одговор, десет воздушни противпожарни екипи од шест различни држави-членки на ЕУ беа распоредени во Македонија за да и помогнат на земјата во борбата против пожарите.

Тие споделија и сателитска снимка од 4 септември од пожарот во мариовоска, кој зафатил површина од над 11 илјади хектари. Овој пожар, според европската агенција, бил ставен под контрола со дождот кој падна вечерта помеѓу 6 и 7 септември. Дека дождот помогна во гасењето на сите пожари на отворено, сподели и Центарот за управување со кризи, кој кажа дека само во текот на вчерашниот ден имало 22 пожари на отворен простор.

Дирекцијата за заштита и спасување, пак, вчера информираше дека тие имаат на располагање само еден функционален ер-трактор за гаснење на пожарите, додека другите два се нефункционални.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons