Актуелно

Пензионерите ќе добијат плус 2.500 денари на септемвриските пензии 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека од септември почнува исплатата на 2.500 денари линеарно покачување на пензиите на пензионерите, посочувајќи дека од март следната година ќе ги добијат уште 2.500 денари, што значи дека ова ветување на Владата ќе биде исполнето.

„Апсолутно, законот е во подготовка за линеарното покачување, а не како што беше до сега, и за овој септември и за во март, така што оние 5000 денари кои што беа ветени за пензионерите ќе легнат на сметката на пензионерите. Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така со буџетот ќе ги предвидиме и за следната година. Па ќе видиме, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември дали ќе имаме повторно процентуално зголемување, или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што го бараа пензионерите“, истакна Мицкоски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons