Над 50.000 возила со истечена регистрација секојдневно учествуваат на патиштата во Македонија
Според податоците од Централниот систем за издавање на полиси за авто одговорност при НБО, објавени од порталот ПАРИ, во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 автомобили со истечена регистрација. Иако законот налага задолжително поседување на полиса за осигурување на возилото заедно со регистрацијата, многу возачи ја игнорираат оваа обврска.
Осигурувањето на возилото е законска обврска која не само што го штити возачот, туку и останатите учесници во сообраќајот од можни незгоди и штети. Во случај на незгода со возило без осигурителна полиса, возачот е должен сам да ја покрие целата штета, а покрај тоа, се соочува и со високи казни. Овие податоци ја истакнуваат важноста на навремената регистрација и осигурување на возилата за безбедноста на патиштата.