Актуелно

Дождот ги доизгасна сите големи пожари во Македонија 

Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни се неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на денешниот ден.

Од 1 август до денес во Македонија беа регистрирани 660 пожари на отворен простор од кои 98 шумски и од кои повеќето се претворија во големи пожари тешки за гаснење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons