МВР проверува дали приватното патување на Гаши е според законските процедури
Министерството за внатрешни работи проверува дали патувањето на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши со семејството на свадба во Косово со службени возила и со обезбедувањето е според законските одредби и процедури.
МВР информира дека од нивните надлежни служби во тек се проверки за случајот.
„Известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, наведоа од МВР.
За случајот видео снимка од колона свадбени возила објави медиумот Индекс на која се гледа службеното возило на Гаши и беше поставено прашањето дали тој има право да оди „како сват по невеста“ со возило на државата и со службено обезбедување.