Спорт

Бојан Миовски официјално ќе игра во шпанска Примера, во дресот на Џирона

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски го направи трансферот на кариерата и ќе игра во најдобрата шпанска Примера. Така, Македонија по две сезони пауза во шпанската елита одново ќе има двајца репрезентативци, откако голманот Столе Димитриевски од Рајо Валејкано ова лето направи трансфер во Валенсија.

По заминувањето на Артем Довбик, токму  Миовски ќе биде фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во Џирона. Македонскиот играч, за кого имаше интерес и од Еспањол и Џенова, се реши за трансфер во клубот кој што лани беше вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Двете страни веќе потпишаа договор на четири сезони, а Миовски поради условите и амбициите на Џирона во новата сезона не се двоумел да се приклучи на проектот чиј предводник е Мичел.

Штипјанецот одигра фантастична последна сезона во славниот шкотски клуб и постигна 26 гола во сите конкуренции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons