Актуелно

Апокалиптични сцени ширум цела Македонија, од Галичица до Серта се е пеплосано 

Апокалиптични сцени од околината на македонскиот туристички бисер. Гори Галичица! 

Од синоќа на социјалните мрежи се споделуваапел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на планината, кој веќе премина од страната на Охрид откако претходно почна на страната на Албанија и се прошири на македонска страна кон Преспа. 

Граѓаните од цела Македонија жалат за оваа катастрофа! 

– Галичица, срце ме боли, планина меѓу две езера, вода релативно близу, државата членка на Нато, со смешен број на хеликоптери, ако се смилува некоја друга држава и пружи помош ок, ако не ќе изгориме. Национален парк гори, над градот на Унеско, а помош за гасење се организира по портали… Се пријавувале двајца без тројца, и тоа претежно девојки, јунаците ги нема, пишува еден граѓанин на социјалните мрежи. 

–  Апокалиптични слики ширум Македонија, од Галичица до Серта се е пеплосано. Ова не е кривично дело – Предизвикување општа опасност. Ова е – Злосторство против човештвото. За ова не треба затвор..- коментира друг граѓанин. 

–  Гори и македонскиот бисер Охрид (Национален парк Галичица). Непроценливо историско, културно и природно богатство во светски рамки може да биде пепелосано, срамнето со земја. Човечката аздисаност, простоќа и глупост е бесконечна кај нас. Македонијо, не ти треба странски окупатор, сами ќе те уништиме, алармираат друг граѓанин. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons