Миа Тасевска покажа лавовско срце, Тошка ја однесе на Мечкин Камен
Деветнаесетгодишна скопјанка Миа Тасевска годинава, по втор пат во својот живот, е дел од славната Илинденска коњаница, која на 2 Август, на големиот празник Илинден, на Мечкин Камен во Крушево, традиционално ќе ја одбележи 121. година од Илинденското востание, големиот јубилеј – 80 години од Првото заседание на АСНОМ и 46 години од првиот Илинденски марш.
Најавтентичен настан со кој се одбележува еден од најголемите македонски празници, Илинден, е пристигнувањето на коњаниците во Крушево. Tрадиционалниот Илинденски марш секоја година тргнува на 27 јули, од скопско Горно Лисиче.
Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани е да се зачуваат традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по примерот на храбрите македонски јунаци од историјата.
Но, низ овие 46 години колку што се одржува Илинденскиот марш, во коњицата имало и има неколку припаднички од понежниот пол. Една од нив е Миа Тасевска. Уште поинтересно е тоа што со само 19 години, ова е нејзино второ одење со коњицата на Мечкин Камен во Крушево, каде што сите заедно му оддаваат почит на Питу Гули, со положување цвеќиња на неговиот споменик.
Весникот ВЕЧЕР имаше можност ексклузивно да разговара со оваа храбра девојка, која ги урива стереотипите за поделеност на машки и на женски работи во општеството и дека двата пола имаат подеднаква заслуга во борбата за создавање македонска држава, почнувајќи од Илинденското востание, па сè до денеска.
Повеќе на: vecer.press
Фото: Ѕ. Плавевски