Актуелно

Пожарникари едвај спасиле жива глава, ја искршиле шофершајбната од пожарната за да избегаат од огнот 

Пожарникари од Кавадарци кои биле вклучени во гаснењето на пожарот во светиниколското село Орел се повредиле откако нивното возило се превртило. Едвај спасиле жива глава од пламените јазици кои голтале се пред себе.

„Откако евакуиравме постари луѓе од селото Орел светиниколско, додека го браневме селото од огнот, пожарот ни се доближи толку многу што моравме да го избегнеме. Согледувајќи дека не можеме против природната стихија, моравме да се повлечеме пред неа. Јасно ни беше дека ако останеме, ќе ги жртвуваме сопствените животи, бидејќи пламените јазици голтаа се пред себе. Тргнавме со камионот и најверојатно малку забрзавме за да го избегнеме огнениот обрач. Патот беше лош и одеднаш камионот се преврте“, раскажува 41-годишниот Ѓорѓи Вчков, еден од повредените пожарникари за МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons