МЛАДОСТА И ТРЕМАТА БИЛЕ ПРИЧИНИ ЗА СЛАБИОТ УСПЕХ – на социјалните мрежи и поддршка за младиот Ѓуретановиќ
Возраста и тремата како фактор во Париз, но надеж за „подобро утре“ во големите натпреварувања во иднина. Ова се пораките што ги испрати 16-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ кој претпладнево беше првиот од шесте македонски репрезенти на Олимписките игри 2024.
„Имав трема пред трката. И моите години го сторија своето. Бев многу возбуден. Сепак ова е големо искуство за мене. Секако, дека ќе се прикажам во подобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави 16-годишниот Ѓуретановиќ.
Ѓуретановиќ се појави во квалификациите на 400 метри слободен стил. Делницата ја исплива со време 4:05:38 минути. Беше последен во својата група со пет пливачи и последен воопшто во квалификациите на 400 метри слободно.На социјалните мрежи се споделува и поддршка за Ѓуретановиќ.„Ако досега сте ја следеле кариерата на нашиот шамион и олимпиец Nikola Djuretanovic сите ќе бевте горди и среќни за неговата истрајност,храброст и желба за презентирање на нашата земја! Никола ги немаше условите за подготовки кои ги имаа Германците, Американците, Швеѓаните и т.н. но Никола и неговиот тренер макотрпно се спремаа и отидоа! Никола уште сега во регионов победува каде и да оди, а замислете на следната Олимпијада со какво искуство ќе се натпреварува! И уште нешто!
Никола Џуретановиќ има 16 годинини а се натпреваруваше на Олимпијада! Другите 16 годишни секоја вечер кршат колички од Тинекс и Веро и тоа за нив е успех…Понатаму не продолжувам….Се е јасно!
Сега честитајте му на ова младо дете за истрајноста и упорноста и посакајте му се поголеми успеси! Никола, ти си гордост наша! П.с. А ниеден пливач од Македонија не исполнил норма за настап на Олимписки игри. Сите настапуваат со Вајлд карта за да може секоја држава на планетава да има претставник на Олимпијада!“, напишала Ели Клинчаревска Младеновска.
Фото: Фејсбук