Се бара одземање на лиценцата на 2 друштва за игри на среќа
Финансии бара да се одземат лиценците на две друштва за игри на среќа. Не го почитувале законот и не плаќале давачки кон државата. Едното е од Скопје, основано во 2022 та година и до денеска нема уплатени ни денар во буџетот, по ниту еден основ. Другото е од внатрешноста. Но кои се имињата и за колку го оштетиле буџетот, Кочоска вели дека треба да истражат Финансиската полицијата и МВР.
– Кај двете друштва е констатирано дека не ги почитувале законските обврски што се однесуваат на поседување на лиценца, односно не се платени давачките согласно Законот за приредување на игри на среќа и согласно Законот за данок на личен доход. Меѓу нив се посебните давачки како и данок на личен доход од исплатени добивки на игри на среќа. Согласно доставената документација од УЈП, а согласно надворешната контрола е констатирано дека за едно од друштвата не се платени давачки од јули 2022 година – рече министерката за финансии и посочи дека предметот е доставен до надлежните органи кои треба да утврдат во колкав обем е оштетен буџетот, изјави Гордана Димитриовска Кочоска.
Министерката вели дека се проверува и дали законски работат приредувачите на интернет игрите на среќа. Ако се утврдат неправилности, најави дека соодветно ќе се постапува.
Инаку во земјавата работат речиси 1,200 казина, обложувалници, автомат клубови како и онлајн приредувачи на игри на среќа. Вкупно вработуваат речиси 10 илјади лица и годишно го полнат буџетот со околу 6% од БДП околу 280 милиони евра.