Од 1 септември огромно поскапување на нотарските услуги
На средината на јуни Министерството за правда ги прифати измените на нотарската тарифа со кои од 1 септември радикално поскапуваат некои нотарски услуги.
Озмените ги направила Нотарската комора, а ги одобрила Владата и министерот за правда во заминување Кренар Лога.
Нотарот ќе ја наплаќа својата награда 8.000 денари за дело кое не надминува поголема вредност од 3 милиони денари. Ако предметот е многу помалку од 3 милиони денари, нотарот повторно ќе си земе награда од 8.000 денари. Претходно имаше степенување и ако вредноста беше многу помала, истовремено и наградата беше соодветна.
За составување на еднострани правни исправи во форма на нотарски акт, на нотарот ќе му се плаќжа 1.300 денари, наместо досегашните предвидени 400 денари.
„Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.
Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!“, реагираат денеска од партијата Левица.