Македонија

Потребни се скоро 500 000 евра за набавка на нова компресорска станица на Хируршките клиники 

За целосно нова компресорска станица како и замена на инсталацијата во Клиничкиот центар ќе бидат потребни близу половина милион евра, а оптимистички сето тоа би траело околу шест месеци. Ова е проценката на Службата за општи и заеднички работи, која подготви оперативен план и го адресираше до Владата за проблемот со операционите сали на хируршките клиники. 

Од службата велат дека за целосно нова станица претстојат низа активности кои треба да се преземат , барање согласност од универзитетските клиники за вклучување во групна набавка, подготовка на тендерска документација, евалуација на понуди, рокови на жалба, набавка и монтирање, пробна работа па дури потоа пуштање во употреба на станицата.

По добивање на согласност од Владата на предлог оперативниот план и добивање на согласност од Јавно Здравствените Установи – Универзитетски Клиники во Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје за вклучување во групна набавка и здружување на средства, Јавната установа од областа на здравството ќе пристапи кон реализација на горенаведените активности.

Сепак од службата остануваат на ставот дека до денес не бил детектиран дефект на опремата во компресорската станица и на мрежата од станицата до хируршките клиники. 

Од 18 мај кога Хируршките Клиники се пожалиле на мирис во дел од операционите сали од страна на Јавната Установа од областа на здравството повикано е друштвото кое го одржува системот за компримиран воздух, извршен е преглед на компресорската станица, направено е издувување на цевната инсталација и утврдено е дека параметрите се во рамките на дозволените граници, освен зголемена влажност. Во меѓувреме направен е технички преглед на резервоарите за компримиран воздух и нивно перење. Истакнуваме дека до денес не е детектиран дефект на опремата во компресорската станица и на инсталацијата (мрежата) од компресорската станица до Хируршки Клиники.

Истовремено, од службата велат дека се уште се чека извештај од стручниот тим од претставништвото на германската фирма Дрегер, од Република Србија кои зедоа примероци од станицата за компримиран воздух, како и од операционите сали и интензивна нега. 

Проблемот со операционите сали трае речиси цел месец, а хируршките клиники и натаму работат со намален интензитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons