Градска болница; се оперираат само итните случаи
Градската болница е преплавена од бројни пациенти кои доаѓаат од Клиничкиот центар, кој сега три недели се соочува со сериозен дефект што ја прекина работата во операционите сали. Болничките раководители апелираат за брзо надминување на проблемот, но и за медицински кадар за справување со зголемениот прилив на пациенти.
Градската болница ги мобилизираше сите капацитети за справување со зголемениот проток на пациенти донесени од Клиничкиот центар, бидејќи таму не функционираат операционите сали поради дефект. Главниот хирург на трауматологија во болницата „Св .Наум Охридски“, Небојша Настов, рече дека сите операции кои можат да чекаат се одложени и како резултат на тоа листата на чекање на пациенти на кои им е потребна помош е зголемена на неопределено време. Тој рече дека се интервенира по итните случаи бидејќи доаѓаат од сите страни на земјата.
Организациониот директор на болницата, Нермине Шаќири, апелираше што поскоро да се надминат проблемите со операционите сали на Клиничкиот центар, за работите да се вратат во нормала. Таа повтори дека бараат од Министерството за здравство медицински персонал од други здравствени установи.
Веќе трета недела трае хаосот на Клиничкиот центар, период во кој властите се обидуваат да ја дознаат причината зошто во некои операциони сали се чувствува лоша миризба од системот за компримиран воздух. Испитувањата на меѓународните експерти сугерираат дека е потребна промена на целиот систем.