АктуелноХроника

Двајца млади момчиња од Радовиш погодени од гром, едниот преживеал, другиот починал 

20-годишно момче од село Коџалија од Радовиш загина синоќа откако го удри гром, додека друго лице кое било со него преживеало, но се здобило со повреди.

„Околу 20:00 часот во Полициската станица во Радовиш, пријавено е дека во 19:30 часот на ливада на местото викано „Водовод“ во Радовиш, од удар на гром починал Р.М. (20), додека со повреди се здобил З.М. (23), двајцата од Коксалева“.  објави МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош од Радовиши е констатирана смрт, додека другото лице е пренесено во клинички комплекс „Мајка Тереза“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons