Македонија

(ФОТО) Палевски пристигна во Истражниот затвор Шутка

Со конвој од пет возила на Интерпол, Љупчо Пачевски Палчо вечерва беше спроведен во Истражниот затвор Шутка.

Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЈА ИЗВЕСТУВА ЈАВНОСТА ДЕКА ДЕНЕСКА (15.05.2024) ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД СЕКТОРОТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА НА МВР ВО СОРАБОТКА СО ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ЗАВРШИЈА ПРОЦЕСОТ НА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ (59) ОД СКОПЈЕ, ЗА КОГО БЕШЕ РАСПИШАНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА ИСТРАГА ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА „ГРАБНУВАЊЕ” И „УБИСТВО“ ПО ИЗДАДЕНА НАРЕДБА XV KO БР 3047/23 ОД ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ. ЛИЦЕТО Е ПРЕНЕСЕНО ВО КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ, ПОТВРДИЈА ОД МВР.

Палевски повеќе од пет месеци беше во шестмесечен екстрадициски притвор во Турција.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons