Македонија

Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери 

Судот делумно ги прифати мерките на претпазливост предложени од обвинителството за обвинетите за распределба на спортски ваучери. Актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Мојсовски, неговиот претходник Каевски и уште 10 мина, ќе треба еднаш неделно да се јавуваат во суд, како гаранција дека нема да побегнат. Судот го одби барањето да им се одземат пасошите, бидејќи Обвинителот немал доволно докази дека планираат бегство од државата.

„Судот го ценеше фактот дека обвинетите уредно и навремено се јавувале на сите покани на обвинителството што беше потврдено и од самиот обвинител, доброволно ги депонирале патните исправи до судот уште пред рочиштетот за определување мерки за претпазливост, а дел од обвините доставиле и докази дека во следниот период имаат неодложни службени обврски во земјата и во странство како претставници и членови на Олимпискиот комитет и Собранието“, се вели во известувањето од Основен кривичен суд – Скопје.

Мојсовски и Каевски, заедно со членовите на комисијата за распределба на спортските ваучери во период од четири години, ќе седнат на обвинителна клупа по предмет оформен од антикорупциската комисија. Обвинителството ги потврди сомнежите за измама, па двајцата директори на Агенцијата за млади и спорт ги гони за злоупотреба на положбата, а останатите за несовесно работење. Од обвинителството велат дека обезбедиле обемен доказен материјал кој содржи детално економско вештачење и над 1.400 материјални докази. Обвинетите пак сметаат дека случајот е политички мотивиран и бил во корист на изборната кампања. Според обвинителството, со незаконската распределба на спортските ваучери направена е штета од над 5 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons