МакедонијаНајново

Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани 

Помалку се гради, но поскапо. Државната статистика објави дека во април биле издадени 321 одобрение за градба, што е за 23% помалку во однос на истиот месец лани, но вредноста на објектите е за 5 пати повисока и изнесува 95 милиони евра.  

60% од одобренијата или 193 се за високоградба, односно згради. Ќе се градат нешто над 1,000 станови со вкупна површина од 72.500 метри квадратни.

Најголем интерес за инвестирање има во главниот град, каде и кавадрат се продава најскапо. Според статистика, во Скопје предвидено е да се изградат 101 згради со 607 станови.  Општината каде ќе никнат 57 згради е Ѓорче Петров, следна е Петровец со 9 и Центар 7.  Во останатите општини низ државата, во Теарце е предвидено да се изградат 21 згради, 15 во Битола, 11 во Охрид и 10 во Струмица и Гостивар.

Гледано по квадратура, во Скопје ќе се изградат најмногу 2 и трособни станови, додека пак во помалите општини, каде и цената на метар квадартен е скоро двојно пониска, планирано е да се изградат 7 и 8 собни станови.

Инаку, во моментов во центарот на Скопје граѓаните плаќаат по околу 2,000 евра за квадрат., а на периферија околу 1,500 евра. Во останатите градови, цените се движат од 500 до 1,800 евра во Охрид, со поглед кон езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons