МакедонијаНајново

Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко 

На магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, утрово 8.10 излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons