Македонија

Од утре може да патуваме во Бугарија без ковид-сертификат 

Од утре, патниците кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет, при влез во Бугарија повеќе не се обврзани да поседуваат дигитален ковид-сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство Асена Шербезова, со наредба издадена денеска.

Во наредбата се наведува и дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ ковид-сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons