МакедонијаНајново

Македонската „Сајтрокс“ на американската „црна листа“ поради развивање на шпионски софтвер 

Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД вчера означи две физички лица и пет фирми поврзани со развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително и американски владини службеници, новинари , и експерти за политики.

Меѓу санкционираните е и компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија. Се наведува дека ширењето на комерцијалниот шпионски софтвер „Предатор“ претставува посебен и растечки безбедносен ризик за САД.

акедонската „Сајтрокс“ на американската „црна листа“ поради развивање на шпионски софтвер

од  Fokus 06.03.2024

Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД вчера означи две физички лица и пет фирми поврзани со развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително и американски владини службеници, новинари , и експерти за политики.

Меѓу санкционираните е и компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија. Се наведува дека ширењето на комерцијалниот шпионски софтвер „Предатор“ претставува посебен и растечки безбедносен ризик за САД.- Advertisements –

-Cytrox AD е компанија со седиште во Северна Македонија во рамките на Конзорциумот Intellexa која го развива на шпионскиот софтвер Predator на конзорциумот. Cytrox AD беше додадена на листата на фирми на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот, стои во вчерашното соопштение на Американското министерство за финансии.

Покрај македонската компанија, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“.

Оваа фирма, покрај на американската пред две години беше ставена и на „црната листа“ на социјалната мрежа Фејсбук, за шпионирање на корисниците на оваа платформа со малициозен софтвер.

Сајтрокс е основана во Скопје во март 2017 година од унгарската компанија „Сајтроск Холдингс Командитно Акционерско друштво, со седиште во Будимпешта. Унгарската фирма со паричен влог од 25 илјади евра ја основа македонската Сајтрокс. И двете сега се наоѓаат на американската црна листа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons