Неофицијални носители на листите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во шесте изборни единици
Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски ги скрчкаа начално фаворитите со кои ќе трчаат на парламентарните избори, иако и во двете партии велат дека допрва изборните листи ќе треба да се финализираат. Она што е заедничко за двојката лидери е што на носителските позиции, сметаат на најблиските соработници и раководството на партиите .
Според информациите на ТВ 24 планот е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и екс министер во Владата на Никола Груевски Владо Мисајловски да се соочи со заменичката на Ковачевски и директорка во УЈП, во двојка, Сања Лукаревска.
Во тројка боите на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги брани пратеникот Драган Ковачки, додека пак во СДСМ Оливер Спасовски, а по него Љупо Николовски, иако според висок партиски функционер, не исклучува и рокада.
Во четворката од ВМРО-ДПМНЕ исто како и минатиот пат битката ќе ја бие Александар Николовски, изненадувањето доаѓа од СДСМ, кои планираат да ја бијат битката со екс министерот за здравство екс потпретседател на Бихаќка, Венкио Филипче. Мицкоски се уште го бара фаворитот во петката, очекувањата се да биде или битолскиот или охридскиот градоначалник, Тони Коњановски или Кирил Пецаков, додека СДСМ ќе истрча со претседателот на Собранието Јован Митрески. Во шестката ќе се соочат две жени, пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ и минстерката за одбрана Славјанка Петровска.