МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“
Малолетник од Скопје е тешко повреден откако во него удрило возило „пежо“.
До несреќата дошло ноќеска по полноќ, при што возачот на „пежото“ на булеварот „8-ми Септември“ удрил директно во малолетен пешак, кој бил пренесен на Клиничкиот центар.
– Ноќеска, осум минути по полноќ во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во билетенот на МВР.