Македонија има голема скијачка надеж, Димовски со прво место се враќа од Словенија

Македонскиот скијач, Филип Димовски го освои првото место во слалом на силниот турнир Куп Лока во Словенија за деца до 14 години.

Викендов во Скофја Лока, Словенија се одржува традиционалниот турнир за деца до 14 и 16 години, Куп Лока кој важи за еден од најголемите светски турнири во светот за помлади скијачи.

Куп Лока кој е со традиција од 1973 година, во ова издание прими 140 скијачи од 26 земји.

Огромен успех направи македонскиот скијач Филип Димовски кој во силната конкуренција во слалом за деца до 14 години го освои првото место.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons