Децата може да се вакцинираат без закажување во здравствените домови
Вакцини има и голем е одзивот да се вакцинираат децата, но стравот кај родителите се уште постои. Новороденчињата редовно ги примаат вакцините, додека намален е бројот на поголемите деца вели д-р Ана Урумова Демјански. Родителите кои децата не ги однеле на вакцинација од било кои причини и ги пропуштиле термините, тоа може да го сторат веднаш без закажување во сите вакцинални пунктови во јавни здравствени установи.
ИМ ТРЕБА САМО ЗДРАВСТВЕНА КНИШКА ЗА ДА ДОЈДАТ БЕЗ НИКАКВО ЗАКАЖУВАЊЕ. АПЕЛИРАМЕ ДА ГИ ПРОВЕРАТ И МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ, ДА ГО ПРОВЕРАТ ВАКЦИНАЛНИОТ СТАТУС И ДА ГИ УПАТАТ СИТЕ ДЕЧИЊА СО ПРОПУШТЕНИ ДОЗИ ВО НАШИОТ ПУНКТ. НОВОРОДЕНИТЕ КОИ ПРВПААТ ДОАЃААТ ВО НАШАТА ИНСТИТУЦИЈА МОРА ДА НОСАТ КАРТОНЧЕ ОД РОДИЛИШТЕ ЗА ДА ВИДИМЕ ШТО ИМААТ ПРИМЕНО ДО МОМЕНТОТ ДО ДОАЃАЊЕТО КАКО И ЗДРАВСТВЕНА КНИШКА КАДЕ БИ МОЖЕЛЕ НИЕ ДА ГИ ЗАВЕДЕМЕ САМИТЕ ВАКЦИНИ КОИ ЌЕ ГИ ДАДЕМЕ. ТУКА СЕ ВРШИ ПРЕГЛЕД ОД СТРАНА НА ЛЕКАРИТЕ И СЕ НАЗНАЧУВА КОИ ВАКЦИНИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИМААТ, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА Д-Р АНА УРУМОВА ДЕМЈАНСКИ ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ЈАНЕ САНДАНСКИ
Вакцината е многу важна затоа што не само пертусисот туку и сите други болести можат многу да наштетат на дечињата посебно на оние кои се во оној ризичен период доенчињата па и поголемите деца, додава д-р Ана и упатува апел на што поголема вакцинација.
НЕДОВОЛНА ЕДУКАЦИЈА И ОД НЕСООДВЕТНИ ИЗВОРИ СЕ ЕДУЦИРААТ И НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ДА ИМ ОБЈАСНИМЕ КОГА КЕ ДОЈДАТ ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ ВАКЦИНАТА, ОД КАДЕ СЕ ВАКЦИНИТЕ ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ ДАЛИ СЕ СО РОК. МНБОГУМИНА БАРААТ ДА ЈА ВИДАТ ВАКЦИНАТА ДА ГО ВИДАТ РОКОТ СЕКАКО ТОА Е ДОЗВОЛЕНО И БЕЗ ПРОБЛЕМ МОЖЕМЕ ДА ГО ОБЕЗБЕДИМЕ. КОГА НИ СЕ СЛУЧУВА НЕШТО ТОГАШ ИНЦИДЕНТНО СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ,, ЕВЕ СЕГА ЗА ПЕРТУСИСОТ, ПРЕТХОДНО КОГА БЕШЕ ЕПИДЕМИЈАТА СО МОРБИЛИ АКО СЕ ПОЈАВИ НЕКОЈ СЛУЧАЈ ТИЕ ДОАЃААТ, СЛУШААТ И ТОГАШ СЕ ИСПЛАШЕНИ. МЕЃУТОА ВО ТОЈ ПЕРИОД КОГА НЕМАМЕ НИКАКВА ЕПИДЕМИЈА И НИКАКВИ БОЛЕСТИ ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТИ И ДА СЕ ДОЈДЕ БАШ КОГА СЕ ЗДРАВИ ДЕЦАТА, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА Д-Р АНА УРУМОВА ДЕМЈАНСКИ ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ЈАНЕ САНДАНСКИ
Докторите апелираат – покрај имунизацијата, да се внимава и да се избегнуваат затворени простории, каде што е неизбежен контакт со повеќе лица.