ВИДЕО: Емотивен настап на Северина по одземањето на старателството: Се расплакала во текот на изведувањето на песната „Rođeno moje“
Неколку денови откако Врховниот суд ѝ го одзеде старателството над малолетниот син, Северина одржала концерт на Јахорина.
Пејачката се расплакала во текот на изведувањето на песната „Rođeno moje“.
Северина настапот го отворила со емотивен говор којшто бил посветен на одлуката судот да ѝ го одземе старателството над синот Александар. Ова воедно било и првото обраќање на Северина по одземеното старателство.View this post on Instagram
A post shared by Severina (@severina)
Потоа таа го започнала концертот со хитовите „Brad Pitt“ и „Italiana“. Иако зад неа е болен период, пејачката го покажала својот професионализам и одржала спектакуларен концерт.
Во текот на настапот сепак најголем предизвик за неа било изведувањето на песната „Rođeno moje“, во текот на која пуштила и солзи и ѝ дозволила на публиката да продолжи да го пее останатиот дел од песната.View this post on Instagram
A post shared by Telegraf.rs / JetSet (@telegraf_jetset)
Инаку, песната „Rođeno moje“ е најемотивната и најубавата балада на Северина објавена во 2019 година и посветена на нејзиниот син Александар.