Актуелно

 Вработените во ФЗОМ најавуваат штрајк, ќе ги затворат и шалтерите

Протести пред Фондот за здравствено осигурување. Вработените во оваа институција најавуваат и на генерален штрајк доколку Управниот одбор на Фондот донесе одлука за намалување на платите за 21% за јануари. Седми пат по ред, Управниот одбор заседаваше и одлучуваше по препораката на Владата за усогласување на платите во овој сектор. Но, од Синдикатот на вработените во Фондот најавуваат дека ќе ја намалат работата на шалтерите, нема да има капитациски исплати за матичните лекари, за лекови во аптеките, за плати во јавното здравство, но и за други услуги.

Од синдикатот на УПОЗ велат дека Фондот за здравство е независен и Владата нема надлежност да бара намалување на платите. Трпе Деановски вели дека и по 8 месеци преговори со Управата едвај успеале да издејствувата покачување на платите за 15%, а сега им се заканува намалување за 21 отсто.

Овој проблем засега 831 вработен во Фондот низ државата. Годишниот буџет на ова аинституција е околу 750 милиони евра годишно, но за плати на своите вработени издвојува во просек 1,19% годишно. Според синдикатот, Одборот на Фондот се состои од 6 лица, од кои тројца ги поддржуваат работниците, двајца директорот, а еден е неутрален./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons