Силен земјотрес пред неколку минути во Македонија
Силен земјотрес во 00:32 часот во југозападна Македонија.
Земјотресот силно се почуствува во Преспанско-охридскиот регион и бил со јачина од 3.8 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот е на 22 километри од Охрид, на длабочина од 6 километри, објави Европско медитеранската сеизомолошка служба (ЕМСЦ).
Жителите на Ресен, Охрид и Битола го почуствувале потресот најсилно. Во моментов нема информации за предизвикана штета.
Повеќе информации наскоро.