ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ СО НОВ РАСТ: Еве колку сега достигнаа
Девизните резерви на крајот на декември 2023 годинава достигнале 4.538,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 574,8 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (52 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (38,8 отсто) и монетарното злато (9,1 процент).
Заедно со растот на резервите, расте и задолженоста на земјава.
Како што објави „Фактор“, уште на стартот на годината, државата се задолжи за навистина голема сума, многу поголема од сите досегашни.
Имено, завчера државата се задолжила на вкупна сума од безмалку 200 милиони евра, или прецизно 189 милиони евра, издавајќи две домашни државни обврзници, едната на 71 милиони евра, а другата на 118 милиони.