НА ЕЛЦИН И НА ПУТИН ИМ ПОНУДИВ ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Бил Клинтон пишува за релациите со руските државници
Цело време ја држевме отворена врата на НАТО за влез на Русија, тоа јасно му го кажав на Елцин, а потоа и на неговиот наследник Владимир Путин, открива Бил Клинтон.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, откри дека на руските државници Борис Елцин и Владимир Путин, им понудил Русија да стане членка на НАТО.
Во својата последно објавена колумна, Клинтон го опиша развојот на односите помеѓу САД и Русија, во времето кога тој беше претседател.
– Цело време ја држевме отворена врата на НАТО за влез на Русија, тоа јасно му го кажав на Елцин, а потоа и на неговиот наследник Владимир Путин. Направив сè што можам за да ѝ помогнам на Русија, да го направи правиот избор и да стане голема демократија на 21 век – посочи Клинтон, додавајќи дека Русија стана првата земја која му се придружи на „Партнерството за мир“.
Тој кажа дека се лажни тврдењата дека САД се обиделе да ја изолираат Русија, но призна дека НАТО се шири на исток и покрај негодувањата од Москва.