Хроника

ХОРОР СНИМКА ОД УБИСТВОТО: Излегле од такси во возење, момчето му удрило две шлаканици на Тот, девојката го удирала со нога во главата 

Порталот Вистиномер во петокот објави текст во кој наведува нови детали во врска со громозорното убиство на хрватскиот ракометар во земјава Денис Тот, а денеска речиси сите регионални медиуми го преземаа.

Тие во својот текст објавен во петокот велат дека полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.

„На снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош“, пишуваат тие.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons