Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника
Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа денеска дечињата од Детската клиника во Скопје во рамки на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“. Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со децата.
Директорката на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ информираше дека во моментот на Клиниката се наоѓаат околу 80 дечиња.
Во изјава за медумите, Нацева-Фуштиќ рече дека Црвениот крст не ги заборава децата, особено оние во болница, посочувајќи дека овој настан предизвикува насмевки кај нив.
Арѓенд Чиљафи, координатор на Тимот за одговор при катастрофи при Црвниот крст на град Скопје, посочи дека по шести пат го организираат овој настан со учество на Тимот за спасување на планина при Црвениот крст на Скопје, поддржани од „Анимација Бамбино”.
– Настанот е од волонтерски карактер, рече Чиљафи, изразувајќи надеж дека ќе им се приклучат и други организации, со цел на што повеќе дечиња, да им се подарат насмевки.
Дечињата од Детската клиника во Скопје добија и новогодишни подароци од Дедо Мраз.