Од старата фотографија на Сандра – Африка ќе ви „падне вилицата“: Како танчарка -„ракета“, како пејачка – „секс-бомба! (ФОТО)
На социјалните мрежи осамна фотографија на пејачката Сандра – Африка од пред 18 години, во времето кога таа само што прекина да биде танчарка по ноќните клубови и дискотеките и ја започна својата пејачка кариерата.
Сандра на неа позира со црна коса и шишки, во црвена долна облека на почетокот на нејзината естрадна слава.
Многумина коментираа дека пејачката воопшто не се променила, па дури и дека сега според некои е уште поубава од порано.
„Сите имаме некои недостатоци кои не ни се допаѓаат, а има луѓе на кои овие недостатоци им се убави. Јас сум некој што не ги правел тие операции, направив само зголемување на градите. Она што би го променила на себе е само носот. Мојот нос не го сакам, иако на сите им се допаѓа, па решив да не го оперирам“ – изјави своевремено Сандра Продановиќ, позната како Сандра-Африка, која својот прекар и го добила зашто е „жешка“ и во изгледот и во танцувањето како најжешкиот континент на планетата.
Она што може да се заклучи од фотографиите, сега и одма: Како танчарка е „ракета“, како пејачка – „секс-бомба“!