Охрид: По користење на хотелски базен завршиле во болница со знаци на труење со хлор
Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор, вчера вечер се капеле во базенот на еден познат хотел на Охридското езеро по што им се слошило манифестирајќи знаци на труење.
За случајот се известени јавен обвинител, претставници на Санитарна и здравствена инспекција, Центарот за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.
За среќа сите затруени се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Според лекарите интензитетот на симптомите зависи од количината на хлор на која личноста била изложена. Помала изложеност значи помалку симптоми, потешка изложеност може да предизвика фатални последици.
Некои вообичаени симптоми се заматен вид, црвенило и иритација на очите, црвенило, болка и иритација на места, каде што хлорот бил во контакт со кожата, чувство на печење во грлото, носот очите и градите, кашлање или кивање, стегање во градите, тешко дишење, гадење и повраќање.