Македонските уметници се вратија со пет награди од „Експо 2023“ во Доха

Во зоната Култура на „Катар интернационал арт фестивал“, што се одржа од 20 до 25 ноември во Доха, Катар, учествуваа македонските уметници Ана Митевска, Наташа Чингаровска Караева, Васко Јован Ристовски, Решат Амети и Душан Ристовски, како и модната креаторка Ирина Тошева.

Во програмата на Арт-фестивалот во Доха имало 12 мастеркласови од кои дури три биле на македонски уметници, и тоа Васко Ристовски на тема „Модерна уметност на стакло – реверзибилно сликање“, Решат Амети со „Употреба на нестандардни сликарски алатки“ и Душан Ристовски со „Уметност создадена на мобилен телефон – Новите уметнички граници“.

Дизајнерката Ирина Тошева одржала модна ревија со колекција инспирирана од бруталистичките градби на Скопје. Исто така, Ана Митевска се претставила со апстрактна уметност во техника масло на платно, Наташа Чингаровска Караева со мандали во техника акварел на платно, Васко Ристовски со наива – масло на стакло, Решат Амети со апстрактна уметност во техника масло на платно и Душан Ристовски со дигитални принтови – Уметност создадена на мобилен телефон.

На фестивалот учествуваа уметниците Ана Митевска, Наташа Чингаровска Караева, Васко Јован Ристовски, Решат Амети и Душан Ристовски, како и модната креаторка Ирина Тошева

Сите тројца уметници кои имале мастерклас, Васко Ристовски, Решат Амети и Душан Ристовски добија статуетки „Мастерклас“ како признание. Ирина Тошева доби награда за Најдобар одржлив моден дизајн. Душан Ристовски доби и награда „Арт фотограф на годината“.

– На Арт-фестивалот во Доха учествуваа 300 артисти од 60 земји. Македонскиот тим достојно се претстави со својата разноликост, видно беше забележана и претставена уметноста на македонските уметници и тимот се врати со пет награди – посочува Душан Ристовски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 208, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 8-10.12.2023)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons