Дарио Ивановски во Валенсија постави нов македонски рекорд во маратон
Maкедонскиот атлетичар, Дарио Ивановски продолжува да поставува нови граници.
Денеска Ивановски на маратонот во Валенсија постави нов македонски рекорд со време од два часа 11 минути и 53 секунди што секако е одличен резултат и во светски рамки.
Со ова време Ивановски го подобри и својот рекорд кој претходно изнесуваше два часа 18 минути и 12 секунди. Тој рекорд македонскиот атлетичар го постави на 15. мај 2022 година во Копенхаген.